
East Gate Mall денеска попладне беше евакуиран, откако посетителите и вработените биле повикани мирно и без паника да го напуштат трговскиот центар.
Според информации од присутни граѓани, во објектот се слушале аларми, по што обезбедувањето започнало организирано да ги насочува луѓето кон излезите, додека надлежните служби вршеле проверки на терен.
Во моментов нема официјални информации за причините за евакуацијата, ниту потврда дали станува збор за безбедносна закана или превентивна мерка.
На местото биле забележани припадници на безбедносните служби, а дел од посетителите чекале надвор од трговскиот центар додека траеле проверките.
Ова не е прв ваков случај во Скопје. Пред околу еден месец беа регистрирани дојави за поставени експлозивни направи во „East Gate Mall“ и Diamond Mall, кои по извршените проверки се покажаа како лажни.
















