УТРО.мк

(ВИДЕО) Морничава сцена во Белград: Во Сава пронајдено тело на млад маж во фаза на распаѓање

(ВИДЕО) Морничава сцена во Белград: Во Сава пронајдено тело на млад маж во фаза на распаѓање
Vero

Тело на засега непознат маж на возраст меѓу 25 и 35 години е пронајдено денеска во реката Сава во близина на населбата Белград на вода во Белград.


Според првичните информации, телото било во напредна фаза на распаѓање кога било забележано во водата.
На местото интервенирале полициски и форензички екипи, кои извршиле увид и започнале истрага за утврдување на идентитетот на починатиот и причините за смртта.


Засега не се соопштуваат официјални детали дали станува збор за насилна смрт или несреќен случај.
Случајот предизвика големо внимание и бројни реакции на социјалните мрежи, додека српските медиуми јавуваат дека истрагата е во тек.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран