
На 16.05.2026 година во 23:30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.Д. (73) од скопско село, по претходна пријава за инцидент во кој било употребено огнено оружје.
Според информациите од полицијата, истиот ден околу 14:00 часот, пред семејниот дом, по претходна расправија околу паркирање на возило, осомничениот испукал кон својот 71-годишен брат и неговото семејство. Во настанот нема повредени лица.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против лицето.
















