УТРО.мк

Под слоганот „Сите нека знаат“: На 20 јуни ќе се одржи Парадата на гордоста во Скопје

Под слоганот „Сите нека знаат“: На 20 јуни ќе се одржи Парадата на гордоста во Скопје
Vero

Под слоганот „Сите нека знаат / Let Everyone Know“, на 20 јуни во Скопје ќе се одржи овогодишната Скопје Прајд 2026, а организаторите најавуваат дека годинашната Парада на гордоста ќе биде одговор на, како што велат, зголемениот јавен и институционален притисок врз ЛГБТИК+ заедницата.


Од организацискиот одбор соопштија дека настанот се организира во време на сериозни политички и општествени предизвици, како што се воени конфликти, климатска криза, инфлација и системска корупција, но и во атмосфера на засилена омраза и дискриминација кон ЛГБТИК+ луѓето.


„Исцрпени сме, разочарани и гневни, но одбиваме да прифатиме дека нашите животи се дозволени само зад затворени врати“, порачаа организаторите, нагласувајќи дека потребата од јавно и гласно присуство и понатаму постои.


Годинава Парадата ќе се одржи по нова и подолга рута, за која организаторите велат дека претставува и политичка порака дека јавниот простор им припаѓа на сите граѓани подеднакво.
Собирањето на учесниците е закажано за 18 часот кај фонтаната во Градскиот парк, додека маршот ќе започне во 19 часот. Поворката ќе се движи по булеварот „Илинден“, преку улицата „Рузвелтова“, потоа по булеварите „Партизански одреди“ и „ВМРО“, преку улицата „Димитрије Чуповски“, а ќе заврши во паркот Жена-борец.


Организаторите наведуваат дека слоганот „Сите нека знаат“ е порака против тишината, стравот и, како што велат, системското бришење на ЛГБТИК+ луѓето од јавниот простор и општествениот живот.
Во соопштението се посочува и дека многу припадници на заедницата и понатаму живеат во страв од последиците доколку јавно ја откријат својата сексуална ориентација или родов идентитет.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран