
На социјалните мрежи деновиве повторно привлече внимание ретка панорамска фотографија од Охрид направена во далечната 1916 година, која ја објави страницата „Охрид Слики Од Минатото“.

Фотографијата, дигитално обработена и колоризирана со помош на современа технологија, нуди уникатен поглед кон стариот Охрид, неговите автентични куќи, брегот на езерото и планинскиот пејзаж во позадина.















