УТРО.мк

„Прв до врв“ го преплави Водно: Спорт, адреналин и илјадници учесници кон Милениумскиот крст

„Прв до врв“ го преплави Водно: Спорт, адреналин и илјадници учесници кон Милениумскиот крст
Vero

Водно денеска е центар на спортот, рекреацијата и масовното искачување, каде се одржува 14-тото издание на Sparkasse Life – Прв до врв – една од најмасовните спортско-рекреативни манифестации во земјава.

Илјадници љубители на природата, велосипедисти, тркачи, рекреативци и компании и оваа година ќе се обидат да стигнат до врвот на Водно преку неколку различни дисциплини.

Настанот се одржува во пет категории:

Планинско трчање на 4,5 километри

Планински велосипедизам на 9 километри

Друмски велосипедизам на 11,4 километри

E-bike трка на 9 километри

Тим-билдинг трка за компании „Summit Run“ на 4,5 километри

Велосипедските трки стартуваат во 9:45 часот пред Музеј на град Скопје, со летечки старт кај ООУ „Кочо Рацин“, додека трчањето и тим-билдинг трката започнуваат во 10:00 часот пред училиштето.

Патеките минуваат низ контролните точки кај полицијата, Средно Водно и завршуваат на самиот врв на Водно.

Организаторите најавија финишер медали за сите учесници кои успешно ќе ја завршат трката, како и награди за најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција.

Дополнително, обезбеден е и награден фонд од 1.000 евра за поставување нови рекорди.

На врвот на Водно ќе има и целодневна забавна програма со храна, пијалаци, диџеј и настап на бенд во живо, по што ќе следува официјалното прогласување на победниците.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран