
Граѓаните во текот на мај ги очекуваат уште два продолжени викенди, од кои едниот е неработен ден за сите граѓани, а вториот за граѓаните од православна христијанска вероисповед. Неработен ден ќе имаат и граѓаните од муслиманска вероисповед, но нивниот празник оваа година се паѓа во среда.
Првиот продолжен викенд следува веќе наредната недела, кога се празнува Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“. Празникот се одбележува на 24 мај, а бидејќи годинава се паѓа во недела, неработен ден ќе биде понеделник, 25 мај.
Веднаш по него следува уште еден продолжен викенд за православните христијани. На 29 мај, петок, се празнува Духовден, односно Педесетница, кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
















