УТРО.мк

Убиство во Скопје – пронајдено тело на 18 годишно момче, убиецот е уапсен!

Убиство во Скопје – пронајдено тело на 18 годишно момче, убиецот е уапсен!
Vero

Лишен од слобода 19-годишник од Бојане кој завчера убил 18-годишник од истото село, ќе биде поднесена кривична пријава.

На 17.05.2026 во 00:50 часот во с.Бојане, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Б. (19) од с. Бојане поради основано сомнение за сторено кривични дело „убиство“ по член 123 од КЗ. 

Претходно, на телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. 

Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен во полициски службеници, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството. 

По документирање на случајот, против М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран