УТРО.мк

Српските медиуми предупредуваат: Пет нови камери за брзина на патот низ Македонија кон Грција

Српските медиуми предупредуваат: Пет нови камери за брзина на патот низ Македонија кон Грција
Vero

Српските медиуми предупредуваат дека возачите кои ова лето патуваат кон Грција преку Македонија треба да бидат особено внимателни поради засилените контроли на брзината на автопатите.

Според информациите објавени од  Nikana.gr, на една од најфреквентните рути кон граничниот премин Евзони поставени се пет нови камери за мерење брзина, а се најавува и построг полициски надзор.

На туристите им се препорачува строго да ги почитуваат ограничувањата на брзината, особено на делниците каде што ограничувањето е намалено на 70 километри на час. Според порталот, токму на тие места најчесто се поставени полициски патроли и радари, често зад кривини или на помалку видливи делови од патот.

Како што наведува Nikana.gr, камерите се поставени на следните локации:

– Пред исклучувањето за Скопје

– Пред одморалиштето Бастион Плаза кај Катланово

– Околу пет километри по Бастион Плаза

– По исклучувањето за Велес

– По четвртата наплатна рампа, веднаш по излезот од тунел

Српските медиуми посочуваат дека казните за пречекорување на брзината можат да бидат високи, па апелираат возачите внимателно да ги следат сообраќајните правила за да избегнат непријатности уште на почетокот на летниот одмор.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран