УТРО.мк

Детали од акцијата „Градско“: Полицијата заплени 65 кг марихуана и уапси две лица како во филмска потера

Детали од акцијата „Градско“: Полицијата заплени 65 кг марихуана и уапси две лица како во филмска потера
Vero

Полицијата пресече сериозен канал за шверц на дрога на автопатот „Пријателство“ кај Градско, при што биле запленети околу 65 килограми марихуана, а уапсени се две лица, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Акцијата била спроведена од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со специјалната единица „Тигар“, кои поставиле заседа со цел спречување на нелегална трговија со наркотични средства.
Драмата се одвивала кај наплатната рампа Стоби, каде полициските службеници забележале сомнително патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски таблички. Кога на возачот му бил даден знак да застане, тој нагло забрзал и се обидел да избега кон Градско, по што следела кратка, но интензивна потера.


По брзата реакција на полицијата, возилото било запрено, а при извршената контрола биле пронајдени четири црни торби со вкупно 65 пакувања растителна материја, за која се сомнева дека е марихуана, со вкупна тежина од околу 65 килограми. Во автомобилот биле пронајдени и два мобилни телефони, кои исто така се одземени како доказ.


Зад воланот бил 38-годишниот Ф.Н. од Скопје, а како втор осомничен е приведен и 55-годишниот Ј.М. од Кавадарци. Двајцата се лишени од слобода и спроведени во Полициската станица во Велес, каде против нив се води постапка за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.


Според информациите, против осомничените ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Велес, додека запленетата дрога, по наредба на обвинител, ќе биде предадена на вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран