УТРО.мк

Возач со активна забрана зад волан прегази 10-годишно дете во Кичево – веднаш уапсен

Возач со активна забрана зад волан прегази 10-годишно дете во Кичево – веднаш уапсен
Vero

Вистинска драма се одвивала во Кичево, откако возач кој воопшто не смеел да управува возило прегазил 10-годишно дете на булеварот „Ослободување“.


Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 4 април 2026 година, во вечерните часови, околу 20:40 часот, кога случајот бил и официјално пријавен.


Возачот, идентификуван како А.Б. од Кичево, управувал патничко моторно возило „Опел Вектра“ со кичевски регистарски ознаки, кога удрил во малолетно момче.
Она што дополнително го прави случајот сериозен е фактот што при извршените проверки било утврдено дека А.Б. воопшто не смеел да биде зад воланот. За него била на сила активна заштитна мерка – забрана за управување со моторно возило од Б-категорија.


Веднаш по несреќата, полицијата го лишила од слобода несовесниот возач, а по насоки на надлежен јавен обвинител, возилото со кое била предизвикана несреќата му било одземено.


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Засега не се соопштуваат официјални информации за здравствената состојба на детето, но случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради фактот што лице со активна забрана повторно се нашло зад волан и предизвикало тешка сообраќајна несреќа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран