УТРО.мк

Тоневски: Учениците од СОУ „Н.Н. Борче“ се гордост на Пробиштип со успесите на државниот натпревар по географија

Тоневски: Учениците од СОУ „Н.Н. Борче“ се гордост на Пробиштип со успесите на државниот натпревар по географија
Vero

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека учениците од СОУ „Н.Н. Борче“, кои постигнаа значаен успех освојувајќи награди на Државниот натпревар по географија.

Тоневски упати искрени честитки до учениците, нивниот ментор и до целокупниот колектив на училиштето, нагласувајќи дека ваквите резултати се доказ за посветеноста и квалитетната работа во образовниот процес.

„Континуираните награди и освоените високи места на државно ниво се јасен показател за трудот и вложувањето во создавање на образовани и успешни млади кадри“, истакна градоначалникот.

Тој додаде дека Општина Пробиштип ќе продолжи да ги поддржува младите таленти и образовните институции, со цел поттикнување на нивниот понатамошен развој и успех.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран