УТРО.мк

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со напади врз Хезболах додека не се врати безбедноста во регионот

Нетанјаху: Израел ќе продолжи со напади врз Хезболах додека не се врати безбедноста во регионот
Vero

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на офанзивата против Хезболах, по ликвидацијата на Али Јусуф Харши, секретарот на Нaim Касем, вториот човек на либанската терористичка организација. „Секој што ќе дејствува против нашите цивили ќе се соочи со нашата реакција. Ќе продолжиме да ги таргетираме позициите на Хезболах се додека северот на Израел не стане безбеден“, порача Нетанјаху на X, на хебрејски јазик.

Операциите на Израелската одбрана (ИДФ) не застанаа со елиминацијата на Харши. Во последните денови беа изведени низа удари врз стратешки позиции на Хезболах во јужен Либан, уништени се премини за пренос на илјадници оружја, ракети и лансери, како и складишта, места за лансирање и командни центри. „Нашите напади се спроведуваат со сила, прецизност и решителност“, истакнува Нетанјаху, споделувајќи снимки од ударите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран