УТРО.мк

Седум загинати во судир на минибус и мешалка за бетон во Турција

Седум загинати во судир на минибус и мешалка за бетон во Турција
Vero

Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот меѓу Испарта и Анталија во Турција, животот го загубија седум лица, а најмалку уште седуммина се здобија со повреди.

Несреќата се случила во близина на излезот од тунелот Карги, каде минибус полн со земјоделски работници, кои се враќале од напорниот работен ден во оранжериите, директно се судрил со камион-мешалка за бетон што доаѓал од спротивен правец. Ударот бил кобен – на самото место загинале возачот на минибусот, неговата сопруга и уште пет жени-патнички.

Според првичните информации, до фаталниот судир дошло поради опасно лизгавиот коловоз и несоодветно прилагодената брзина на движење, во момент кога возилото излегувало од тунелот. Минибусот се движел кон Бучак, кога се случила директната колизија со тешкото товарно возило.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран