УТРО.мк

Спречен шверц на Аеродромот во Скопје – Еве што заплени царината

Спречен шверц на Аеродромот во Скопје – Еве што заплени царината
Vero

Турски државјанин се обидел нелегално да внесе 116 забни импланти во државата преку Меѓународен Аеродром Скопје, но бил спречен од царинските службеници.

Како што информираат надлежните, при редовна контрола на личниот багаж биле откриени непријавените импланти, кои согласно прописите подлежат на посебни дозволи за увоз. Вкупната вредност на запленетата стока се проценува на околу еден милион денари.

По документирање на случајот, против осомничениот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.

Надлежните институции продолжуваат со постапката, додека запленетата стока е задржана за понатамошна постапка согласно законските процедури.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран