
Атанас Стефанов, бугарски граѓанин кој се претставува како свештеник, повторно предизвика инцидент во центарот на Софија. Овојпат тој го пресретнал службеното возило на бугарската министерката за надворешни работи, Надежда Нејнски, и ѝ упатувал навреди и клетви, а снимки од настанот се појавија на социјалните мрежи.
Стефанов не е официјален свештеник и не припаѓа на Бугарска православна црква. Во минатото предизвикал повеќе јавни инциденти: од агресивно однесување во партиски канцеларии, до фрлање пред колоната на украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посета на Софија.
Минатата година бил агресивен и кон поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, како и кон членови на политички партии. Инцидентот уште еднаш го истакна проблемот со јавни личности кои се претставуваат како свештеници без легитимитет, предизвикувајќи внимание и вознемиреност во јавноста.























