
Премиерот Христијан Мицкоски изрази големо задоволство од тековните градежни активности на автопатските делници од Коридорот 8 и Коридорот 10Д, нагласувајќи дека делницата Кичево-Охрид наскоро ќе стане целосно функционална благодарение на новото финансирање обезбедено од домашните банки.
„Сите проекти на Коридорот 8 се реализираат според планираната динамика. Во моментов се интензивно работи на галериите. Се соочивме со мала пречка при обезбедување средства за завршување на делницата Кичево-Охрид, бидејќи претходниот заем од кинеската ‘Ексим банка’ веќе не беше достапен. Но брзо се прилагодивме – формиран е синдикат на домашни банки со многу поволни услови, кои ќе го завршат финансирањето. Со тоа, оваа делница конечно ќе биде во функција“, изјави Мицкоски при посетата на Струга.
Премиерот посочи дека напредуваат и другите клучни делници од Коридорот 8: Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а извештајот за делницата Букојчани, приклучок Кичево, веќе е предаден на заемодавателите.























