
Општина Прилеп е дел од проектната активност на Министерството за транспорт за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), во рамките на проектот за поврзување на локални патишта, со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.
Развивањето на овој план има за цел подобрување на пристапноста во градот, промоција на здравје и безбедност, поддршка на економскиот раст и намалување на влијанијата врз животната средина. Планот ќе овозможи подобрување на патната инфраструктура, промовирање на одржливи начини на транспорт и иницијативи со ниска содржина на јаглерод, со што ќе се оптимизира сообраќајниот проток и ќе се намалат емисиите.
Планот е насочен кон задоволување на потребите за мобилност на граѓаните, компаниите и организациите кои функционираат во Општина Прилеп. Изработката на планот се спроведува со транспарентен и партиципативен пристап, обезбедувајќи активно вклучување на граѓаните и засегнатите страни. Овој процес овозможува јавноста да дава забелешки и да придонесува кон прифаќањето и спроведувањето на планот во општественото живеење.
Во моментот, Планот за одржлива урбана мобилност е во финална фаза и Општина Прилеп ги поканува сите граѓани да учествуваат во ревизијата. Вашите забелешки и видувања можат да се испратат на [email protected]
во периодот од 9 до 29 април 2026 година.
Финалната нацрт верзија од планот можете да ја погледнете и симнете на следниот линк (https://www.prilep.gov.mk/wp-content/uploads/2026/04/sump-finalreport-prilep-mk.pdf)























