
СВР Битола поднесе кривична пријава против 42-годишниот В.Ф., кој ги нападнал своите две деца со остри предмети. Инцидентот се случил во семејниот дом на 18 февруари, а жртви се неговиот 21-годишен син и 16-годишната ќерка.
Следниот ден, додека траел службениот разговор со полицијата во полициската станица, мажот предизвикал материјална штета и физички нападнал полицајци кои вршеле службени дејствија.























