УТРО.мк

13-годишник тешко повреден откако со електричен тротинет удрил во паркиран автомобил

13-годишник тешко повреден откако со електричен тротинет удрил во паркиран автомобил
Vero

Тринаесетгодишно момче од Кичево се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Рудничка“ во Кичево.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во ОВР Кичево во 11:15 часот. Малолетникот управувал електричен тротинет и удрил во паркирано патничко возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишен жител на Кичево.

Во несреќата, 13-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а причините за несреќата се утврдуваат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран