
Во село Луковица, тетовско, на 03.06.2026 година во 15:15 часот, избувнал пожар во куќа сопственост на С.Ј. (75), информираат од СВР Тетово.
Пожарот ја зафатил целата куќа, при што објектот бил целосно опожарен. На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица Тетово, која успеала да го изгасне огнот.
Според првичните информации, во инцидентот нема повредени лица.















