
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 12:40 часот ја лишиле од слобода 40-годишна жена од гостиварско село, по пријава за инцидент во семејниот дом.
Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен од нејзиниот 52-годишен сопруг, кој навел дека по кратка расправија во утринските часови, околу 07:30 часот, жената физички го нападнала, при што биле предизвикани и материјални оштетувања во домот.
Како што стои во пријавата, таа го оштетила неговиот мобилен телефон и дел од покуќнината во семејната куќа.















