УТРО.мк

Зошто Бугарите ги напуштаат Европските градови и се враќаат дома?

Зошто Бугарите ги напуштаат Европските градови и се враќаат дома?
Vero

Во Бугарија оваа година се забележува рекорден прилив на странски работници и на Бугари кои се враќаат од странство. Според експертот за човечки ресурси Георги Прванов, околу 60.000 лица се вратиле во татковината, а една третина од иселениците изразиле намера да се вратат под соодветни услови.

„Доколку овие луѓе се вратат, ефектот врз демографијата, пазарот на трудот и инвестициите ќе биде значителен“, истакна Прванов во емисијата „Во развој“ на Блумберг ТВ Бугарија.

Податоците од Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека само во првата половина од годината се издадени околу 23 илјади дозволи за странски работници, што е значителен раст во споредба со 34 илјади издадени за целата 2024 година. Најмногу се враќаат Бугари од Северна Европа, вклучувајќи Германија, Велика Британија, Франција и Холандија.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран