Денешното утро низ целиот регион донесе многу ладно време, невообичаено за овој период од годината и со температури кои се под просекот. Времето е стабилно и суво насекаде на Балканот, а на многу места температурите се спуштија до околу, па дури и под нула степени. Токму поради ова во повеќе делови од регионот има и појава на утрински мраз и слана.
На метеоролошката карта можете да ги видите температурите во овие моменти ширум Балканот. Најладно е во Сјеница во соседна Србија со измерени дури -4 степени. Минусни температури се мерат и во повеќе повисоки и планински места во регионот. Појава на мраз и на слана има и во делови од ниските места низ Балканот.