Во текот на викендот, во Хрватска се случила вистинска драма кога некој испукал сигнална ракета додека патнички авион слетувал на аеродром.
Ракетата била испукана од подрачјето на Трогир, но според полицијата на Сплитско-далматинска жупанија, во ниту еден момент не постоела закана по авионoт или патниците.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и пронашла една употребена сигнална ракета. Се води кривична истрага за случајот.