Другар Ахмети, велиш дека си добил сто битки. Може и си ги добил, но што ти вредат, кога на крај војната ја изгуби од нас!
Тие околу тебе немаат муда да ти ја кажат вистината, па еве јас.
Ти изгуби секаде. Изгуби на терен, изгуби во институции, ти изгуби во доверба, во легитимитет, во иднина.
Ти се бореше за свое место во историја, но ние ја земавме иднината. Историјата не ги памети тие што започнале конфликти, туку тие што ги завршиле! Ти си во последната строфа на својата песна, а ние ја свириме првата нота.
Те победивме и со пушки, те победивме и со идеја. Тоа е пораз што не го лечи ни мит, ни спомен плоча. Ти одиш во заборав, на буништето на историјата! А таму, другар, нас нè чекавте, а ние вас ве оставаме.
Џабе ти се сите знамиња што ги вееше,
кога на крај знамето што ќе остане, е нашето.
Ама ова запомни. Битките ги добиваат команданти. Војните ги добиваат лидери. А ти никогаш не си бил тоа!
Со доза на задоволство,
д-р Петар Богојески