
Силен земјотрес ја погоди Грција денес, со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Потресот имаше епицентар на длабочина од само пет километри, на 149 километри од градот Лариса, што го направи особено почувствителен за локалното население.























