Вечерва западниот дел на Турција беше погоден од земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според информациите од центарот, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од девет километри.
До овој момент, нема информации за повредени лица или материјална штета. Се следи развојот на ситуацијата, а локалните власти апелираат на граѓаните да бидат внимателни.