Асоцијацијата на слободни и независни синдикати (АСНС) алармира дека околу 27.000 работници во Србија би можеле да останат без работа поради неизвесното работење на неколку стратешки компании.
Во соопштението на синдикатот се наведува дека ситуацијата со големите компании како НИС, Нафтагас, Србија Зиѓин и Хестил е сериозно загрижувачка и бара итна реакција од државата.
„Со внимание и загриженост ја следиме активноста на Владата за решавање на проблемите со овие компании. Очекуваме итни и решителни мерки, како и предлог за стратешки решенија за да не се најдеме повторно во тешка и неизвесна ситуација“, наведуваат од АСНС.
Од синдикатот побараа Владата да изготви јасен, транспарентен и ефикасен план за заштита на економската и социјалната положба на работниците кои се изложени на ризик од отпуштање.
„Неизвесната иднина создава немир и страв кај работниците и граѓаните, особено затоа што постои реална можност околу 27.000 луѓе да ги изгубат своите работни места“, предупредуваат од АСНС.