УТРО.мк

Меџити директно го праша Османи: Дали ќе почнеш со рушење од твојата куќа дивоградба во Чаир

Меџити директно го праша Османи: Дали ќе почнеш со рушење од твојата куќа дивоградба во Чаир
Vero

Вечерва, во предизборната дебата на „Топ Тема“ на телевизија Телма, кандидатот за градоначалник на општина Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, се осврна на проблемот со дивоградбите во општината. Тој го праша Бујар Османи од ДУИ дали ќе започне со рушење на дивоградбите, вклучително и неговата куќа во Топанско Поле, која е изградена на диво и легализирана по цена од 1 евро за метар квадратен.

Меџити потенцираше дека легализацијата на дивоградбите беше наменета за лица од социјален ризик, но, како што рече, Османи исто така живее во дивоградба. Тој нагласи дека општина Чаир е на шестото место во Скопје по бројот на дивоградби, а на национално ниво на десеттото место.

Исто така, Меџити истакна дека во Чаир нема легализиран објект за колективно домување по принципот 1 евро, како што е случајот во Сарај, каде вакви објекти се реализирани од партискиот колега на Османи.

Меџити го потенцираше значењето на решавањето на проблемот со дивоградбите како дел од својата изборна програма за уредување на општината и обезбедување на фер услови за сите граѓани.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран