УТРО.мк

Ѓорѓиевски: Никогаш не заборавам од каде сум тргнал, Драчево е мојот дом

Ѓорѓиевски: Никогаш не заборавам од каде сум тргнал, Драчево е мојот дом
Vero

Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва беше меѓу своите сограѓани во Драчево, местото каде секогаш се чувствува најкомотно и најискрено прифатен.

„Со луѓето со кои сум израснал ги споделивме нашата визија за ново, современо и достоинствено Скопје. Разговаравме пријателски, си подадовме рака за поддршка и заедно тргнуваме по патот кон победата. Тука ќе биде историска!“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека неговата работа и посветеност за Драчево и општина Кисела Вода не завршуваат тука, туку продолжуваат со уште поголема сила. Ѓорѓиевски најави конкретни проекти со поддршка од Градот Скопје: довршување на булеварот „Борис Трајковски“, решавање на деценискиот проблем со Усјанскиот канал преку целосна реконструкција и покривање, пробивање на улиците „Есенинова“, „Димо Хаџи Димов“ и „Народни Херои“, изградба на нова катна гаража и реализација на уште многу други значајни инфраструктурни проекти.

„Ви благодарам што сте моја најсилна поддршка и мој сигурен столб. Сега одиме во нова битка, а љубовта кон Кисела Вода и Драчево засекогаш ќе остане во мене“, истакна Ѓорѓиевски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран