Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „втората фаза“ од мировниот договор за прекин на огнот во Газа започнува веднаш, но предупреди дека „работата не е завршена“ додека не се вратат сите тела на израелските заложници.
Трамп нагласи дека Хамас мора да се разоружа, во спротивно тоа ќе го сторат американските и израелските сили: „Ако не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме.“
Изјавите доаѓаат додека се уште постојат големи прашања за иднината на Газа и безбедносните гаранции за двете страни. Во египетското летувалиште Шарм ел-Шеик, каде што беше потпишан прекинот на огнот, сè уште престојува работна делегација вклучена во преговорите за следните чекори, потврди извор од Израел за CNN.