УТРО.мк

Меџити: Бујар Османи 22 години е на власт со Али Ахмети, ништо не направија за Чаир, а сè уште бараат глас!

Меџити: Бујар Османи 22 години е на власт со Али Ахмети, ништо не направија за Чаир, а сè уште бараат глас!
Vero

Кандидатот на владината коалиција ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, иронично реагираше на критиките на Османи за неговото политичко искуство, потсетувајќи го дека токму тој и неговиот лидер, Али Ахмети, повеќе од две децении се дел од власта.

„Бујар Османи вели дека наводно сум 20 години на политичката сцена. Ако тргнеме по таа логика, тогаш што бара Али Ахмети? Зошто бара глас за Али Ахмети сега, по 23 години колку што сте на власт? Цело време тоа го повторуваш, а и самиот не си помалку од 20 години на министерски позиции — 3-4 пати си бил министер“, изјави Меџити.

Меџити додаде дека, за разлика од претходните владеења, неговиот тим за само 15 месеци го усвоил Законот за правична и соодветна застапеност, предизвикувајќи го Османи да се соочи со фактите и да каже колку луѓе се вработени за време на неговата власт, а колку сега.

Со оваа изјава, Меџити потенцираше дека коалицијата ВЛЕН донела измерливи резултати за краток период, спротивставувајќи се на потрошената политика на ДУИ и Бујар Османи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран