УТРО.мк

Секојдневни ситници од дома можат да вредат цело богатство

Секојдневни ситници од дома можат да вредат цело богатство
Vero

Доколку дома имате познатата „ладичка на хаосот“ полна со стари полначи, кабли, батерии, застарени мобилни телефони и заборавени ситници, можеби всушност седите на мало богатство. Стручњаците предупредуваат дека предмети што обично ги фрламе можат да вредат десетици илјади долари.

Особено вредни се првите генерации на iPhone од 2007 година. Неотворен примерок денеска се продава за повеќе од 20.000 долари, а до 2030 година нивната вредност може да надмине 50.000 долари. Вистински доказ за тоа е случајот од 2023 година, кога еден прв iPhone (8 GB) продаден е на аукција за над 63.000 долари, а уште поретката 4-GB верзија достигна неверојатни 190.372 долари.

Не се вредни само мобилните телефони – првите изданија на книги, видео игри и ретро играчки денес се вистинско колекционерско благо. Star Wars фигурите, Pokémon картите и оригиналните Transformers фигурки од 1980-тите, ако се запакувани и сочувани, достигнуваат и до 20.000 долари по примерок. Првите изданија на книги од серијалот „Harry Potter“ можат да достигнат цена до 50.000 долари.

Дури и видео игрите се вистинско богатство – запакуван примерок на Super Mario Bros. во 2021 година се продал за неверојатни 2 милиони долари.

Стручњаците советуваат: пред да продавате, направете стручна процена за да не ја потцените вистинската вредност на вашите предмети. Следниот пат кога ќе решите да „поспремите“ дома, запомнете дека вашата старо „смеќе“ може да биде вистинско богатство.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран