УТРО.мк

Грчките државни службеници во штрајк против воведување на 13-часовен работен ден

Грчките државни службеници во штрајк против воведување на 13-часовен работен ден
Vero

Во Грција денеска се одржува 24-часовен штрајк на државните службеници, организиран од Синдикалната федерација на државните службеници (АДЕДИ), во знак на протест против новиот нацрт-закон за труд кој предвидува воведување 13-часовен работен ден и други контроверзни измени, пренесува весникот „Катимерини“.

Синдикатот бара враќање на 13-та и 14-та плата, значително зголемување на примањата, потпишување колективни договори во јавниот сектор, стабилно вработување и укинување на новиот дисциплински закон.

Поддршка на протестот дадоа и вработените во јавниот превоз во Атина. Метрото и трамвајот ќе сообраќаат само од 9:00 до 17:00 часот, а автобусите и тролејбусите од 9:00 до 21:00 часот. Железничкиот сообраќај низ целата земја денеска е целосно запрен.

Главниот протестен марш е закажан за 11 часот на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, каде се очекува масовно присуство на демонстранти.

Ова е втор 24-часовен штрајк против новото трудово законодавство за помалку од две недели – првиот беше одржан на 1 октомври, кога синдикатите АДЕДИ и ГСЕЕ ги предводеа националните протести против измените што го менуваат работното време и условите на труд во земјата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран