УТРО.мк

ВИДЕО: Жестоки протести во Србија: Солзавец и шок-бомби против демонстрантите

ВИДЕО: Жестоки протести во Србија: Солзавец и шок-бомби против демонстрантите
Vero

Во Србија вечерва повторно избувна насилство, откако полицијата употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите. Според првичните информации, има повредени и уапсени лица.

Протестите, кои траат веќе десет месеци, се насочени против „корумпираната власт“, како што велат организаторите и учесниците. Иако граѓаните упорно бараат промени и одговорност од властите, наместо отстапки, државата се реши за конфронтација и употреба на сила.

Демонстрантите најавија дека нема да се откажат и дека протестите ќе продолжат сè додека не се исполнат нивните барања. Ситуацијата во Белград и другите градови останува напната.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран