УТРО.мк

(ВИДЕО) Колапс на границата меѓу Хрватска и Црна Гора: Колони над 20 километри, чекање и до 28 часа

(ВИДЕО) Колапс на границата меѓу Хрватска и Црна Гора: Колони над 20 километри, чекање и до 28 часа
Vero

Граничните премини Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин), меѓу Хрватска и Црна Гора, денеска се соочуваат со сериозен сообраќаен колапс. Од раните утрински часови се формираа километарски колони возила, а според информациите од терен, редицата се протега повеќе од 20 километри, сè до Чилипи и Жупа Дубровачка.

Според официјалните податоци на Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК), пренесени од N1 БиХ, времето на чекање за преминување на границата надминува десет часа. Сепак, возачите кои со часови се заглавени во колоните тврдат дека застојот во одредени случаи е значително подолг.

Хрватски „Индекс“, повикувајќи се на неофицијални информации од терен, објави дека поединечни патници чекале и до 28 часа за да ја преминат границата.

https://www.facebook.com/share/r/1BXBN66xR4/

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin