УТРО.мк

Од дното на Дунав извлечена „Опел Корса“ украдена пред 13 години

Од дното на Дунав извлечена „Опел Корса“ украдена пред 13 години
Vero

Екстремно нискиот водостој на Дунав откри уште една необична приказна. Автомобил „Опел Корса“, кој бил украден пред 13 години, е пронајден на дното на реката во близина на унгарскиот град Соб, откако пожарникарите го извлекле од коритото.

Возилото му припаѓало на пензионерот Имре Пастор, кој останал без него во 2013 година. Според првичните претпоставки, крадците по кражбата го оттурнале автомобилот во реката за да ги прикријат трагите, откако претходно од него ги извадиле повредните делови.

Остатоците од автомобилот станале видливи поради рекордно ниското ниво на Дунав. Пред извлекувањето, пожарникарите морале да отстранат десетици риби кои со години го користеле возилото како засолниште.

Имре Пастор раскажува дека кражбата ја открил едно септемвриско утро во 2013 година, кога забележал полициски патроли во населбата и дознал дека во текот на ноќта биле провалени повеќе гаражи. Неговиот автомобил исчезнал без трага.

„Го купив од постар човек во Будимпешта и беше речиси како нов. Ми служеше и за секојдневни обврски и за работа. Навистина ми беше многу драг“, изјавил Пастор за српските медиуми.

Истрагата за кражбата била затворена по еден месец без да биде откриен сторителот, а семејството во меѓувреме се преселило. Интересно е што нивниот тогашен дом се наоѓал на само стотина метри од местото каде што автомобилот сега е пронајден.

За необичниот наод Пастор дознал од познаник кој му јавил дека од Дунав е извлечено возило. По проверката на регистарските таблички било потврдено дека станува збор за неговата одамна исчезната „Опел Корса“. Во остатоците од автомобилот била пронајдена и неговата стара торба со паричникот, што дополнително ја заокружило приказната за возилото кое повеќе од една деценија лежело на дното на Дунав.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin