УТРО.мк

Пожари беснеат кај Атина, евакуирани населби, уништени куќи

Пожари беснеат кај Атина, евакуирани населби, уништени куќи
Vero

Големи шумски пожари ја зафатија Грција, а најтешка е состојбата во поширокиот регион на Атина, каде силните ветрови дополнително го отежнуваат справувањето со огнената стихија.

Поради високата опасност од пожари, властите прогласија највисоко ниво на тревога за голем дел од земјата, а службите за цивилна заштита издадоа црвено предупредување за областа околу главниот град.

Особено драматична е ситуацијата во Порто Гермено, западно од Атина, каде пожарот во текот на ноќта повторно се разгорел. Силните ветрови го промениле правецот на огнот и го насочиле кон крајбрежјето, поради што биле затворени патишта, а според првичните информации изгореле најмалку три куќи.

Во пожарот било уништено и едно противпожарно возило, додека пожарникарите продолжуваат со борбата против пламените јазици на повеќе фронтови.

Во гаснењето се вклучени противпожарни екипи со возила и хеликоптери, а поради опасноста за населението биле издадени наредби за евакуација во повеќе населени места.

Жителите на областите Агиа Параскеви, Агиос Нектариос и Крио Пигади биле евакуирани како превентивна мерка, додека во близина на градот Псата е испратено предупредување до граѓаните да се подготват за евакуација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin