УТРО.мк

Западнонилската треска зема данок во Грција: Четири лица починаа, регистрирани 42 случаи

Западнонилската треска зема данок во Грција: Четири лица починаа, регистрирани 42 случаи
Vero

Во Грција се потврдени четири смртни случаи предизвикани од вирусот Западен Нил, соопшти Националната организација за јавно здравје (EODY). Станува збор за лица постари од 65 години, кои биле меѓу најранливите категории на население.

Според најновите податоци, заклучно со 29 јули се регистрирани вкупно 42 случаи на инфекција. Кај 37 пациенти се развиле сериозни невролошки компликации, меѓу кои енцефалитис и менингитис, додека пет лица имале поблага форма на болеста.

Во текот на изминатата недела биле евидентирани 21 нов случај, како и уште еден случај поврзан со патување во земја каде што вирусот е ендемски присутен.

Во болниците низ Грција во моментов се лекуваат 13 пациенти, а петмина од нив се наоѓаат на одделенија за интензивна нега.

Вирусот Западен Нил се пренесува преку убод од заразен комарец и претставува зоонозна болест што може да ги зафати и луѓето и животните. Освен кај луѓето, вирусот е присутен и кај птици, коњи и други цицачи.

Вирусот првпат бил изолиран во 1937 година во регионот Западен Нил во Уганда, а со текот на времето се проширил во Африка, Блискиот Исток, делови од Азија, Австралија, како и во Централна и Источна Европа и медитеранскиот регион.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin