
Обилните врнежи што го зафатија Истанбул на 14 октомври предизвикаа поплави, уривање на делови од патишта и сериозни проблеми во сообраќајот. За време на попладневниот шпиц, сообраќајниот метеж достигнал околу 90 проценти.
Ayazağa#Yağmur #istanbul https://t.co/ouG2lqE4SU— StopHolder (@StopHolderr)October 14, 2026
Во општините Ејупсултан и Газиосманпаша биле оштетени патишта, а полицијата го затворила погодениот дел од булеварот во Ејупсултан за да спречи возила да паднат во отворената дупка. На терен интервенирале екипи со багери, додека движењето на возилата било во прекин.
Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат уривање на коловозот и силни буици низ улиците. Граѓаните се соочувале со отежнато движење и долго чекање за да стигнат до своите домови.
Според градската управа, службите интервенирале по 1.901 пријава за насобрана вода, прелевање шахти, поплави и паднати дрвја. Биле ангажирани 8.392 работници и 2.246 возила и работни машини.
Во седум северни и централни окрузи биле измерени меѓу 50 и 95 литри дожд на квадратен метар. Вршителот на должноста градоначалник на Истанбул, Нури Аслан, изјавил дека за 12 часа наврнале речиси 100 литри на квадратен метар.
Поради поплавите и отежнатите услови, Канцеларијата на гувернерот соопштила дека наставата со физичко присуство се прекинува во целата провинција за четврток, 15 октомври.























