УТРО.мк

Водени топови и приведувања на протестите во Тирана, демонстрантите бараат оставка од Рама

Водени топови и приведувања на протестите во Тирана, демонстрантите бараат оставка од Рама
Vero

Судири меѓу полицијата и демонстрантите ја одбележале попладневната протестна акција на 13 октомври во Тирана, во близина на албанското Министерство за образование.

Полицијата употребила водени топови за да ги растера собраните, но студентите и другите граѓани повторно се групирале на улицата „Драч“ и продолжиле со протестот против владата, пренесува „Албанијан пост“.

Демонстрантите побарале оставка од премиерот Еди Рама. Во текот на судирите полицијата започнала и со приведувања, но бројот на приведени лица не е познат.

На интервенцијата реагирал лидерот на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, кој ја оценил како насилство врз студентите. Во објава на социјалните мрежи тој побарал запирање на полициското постапување.

…

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран