УТРО.мк

Уапсен синот на познат трговец со оружје во голема полициска акција во БиХ

Уапсен синот на познат трговец со оружје во голема полициска акција во БиХ
Vero

Во рамки на обемна полициска акција што се спроведува во повеќе градови во Босна и Херцеговина, уапсен е Томислав Зубак, син на познат трговец со оружје. Според информациите на сараевската Н1, апсењето е поврзано со сомнителна продажба на средства на компанијата „Витезит“, а се очекуваат и нови апсења во наредните часови, пренесува Телеграф.

Акцијата, која се одвива под надзор на вршителот на должноста федерален обвинител на Специјалното одделение на Федералното обвинителство (ПОСКОК), опфаќа претреси на повеќе локации во подрачјето на Среднобосанскиот кантон. Полициски екипи извршуваат претреси во компаниите „ПС Витез“ д.о.о. во стечај и „ВДГ“ д.о.о. Витез, каде што во моментот има засилено полициско присуство.

Според обвинителството, операцијата има за цел да се документираат кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, како и неовластено поседување оружје и експлозивни материјали.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран