УТРО.мк

Албанската Влада издвојува 97 милиони евра за новогодишен бонус на пензионерите

Албанската Влада издвојува 97 милиони евра за новогодишен бонус на пензионерите
Vero

Владата на Албанија донесе одлука за исплата на новогодишен бонус за пензионерите, со предвиден фонд од 9,4 милијарди леки, или околу 97 милиони евра.

Бонусот ќе го добијат околу 765.000 пензионери, поделени во две категории. Пензионерите со месечна пензија над 20.000 леки ќе добијат бонус од 10.000 леки, додека оние со пензија под 20.000 леки ќе добијат по 15.000 леки.

Овој новогодишен бонус е идентичен со оној исплатен минатата година во декември, додека пролетва пензионерите добија помал бонус од 5.000 или 10.000 леки во зависност од висината на нивната пензија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран