УТРО.мк

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО БОРОВЕЦ БУГАРИЈА: бурен ветер корнеше борови, дрвја кои паѓаа врз куќите и автомобилите

СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО БОРОВЕЦ БУГАРИЈА: бурен ветер корнеше борови, дрвја кои паѓаа врз куќите и автомобилите
Vero

Силниот олуен ветер што денеска го зафати Боровец предизвика сериозна материјална штета. Под налетите на бурата, повеќе високи борови биле искорнати и соборени, при што дел од нив паднале врз паркирани возила во близина на сместувачките објекти.


На фотографиите објавени од Meteo Bulgaria, се гледаат автомобили целосно притиснати под тежината на паднатите дрвја, како и оштетувања во пошироката околина на одморалиштето. Засега нема информации за повредени лица, но штетата на возилата е значителна.


Надлежните служби се на терен и работат на отстранување на паднатите дрвја и обезбедување на просторот, додека граѓаните и туристите се повикуваат на зголемена претпазливост, особено во шумските делови и при паркирање под дрвја.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран