
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, денеска ја најавија почетокот на новата ера во електронското работење со фактури. На заедничката прес-конференција во Владата беше претставен пилот-проектот е-фактура, кој ќе овозможи побрзо, поефикасно и потранспарентно управување со финансиските трансакции.



























