УТРО.мк

Македонското МНР со остра реакција до Софија: Непризнавањето на македонскиот јазик е спротивно на европските вредности“

Македонското МНР со остра реакција до Софија: Непризнавањето на македонскиот јазик е спротивно на европските вредности“
Vero
mnr
mnr

Македонското Министерство за надворешни работи остро одговори на изјавите од Софија, откако бугарското МНР јавно соопшти дека не го признава македонскиот јазик. Од Скопје порачаа дека вакви ставови се чекор назад и дека од земја-членка на Европската унија очекуваат однесување во духот на европските вредности, меѓу кои и целосно почитување на јазичниот и културниот идентитет на соседите.

Во реакцијата се нагласува дека Македонија и понатаму останува пример на европско ниво кога станува збор за заштитата и унапредувањето на правата на заедниците. Како што наведуваат од МНР, државата е препознаена од релевантни меѓународни институции по инклузивните политики и посветеноста на еднаквоста, и таа насока нема да се менува.

„Нашата определба е јасна – општество засновано на еднакви можности, инклузија и доследна примена на политики во интерес на сите граѓани“, порачуваат од Министерството.

Од таму потсетуваат и дека земјава строго се придржува до европските правила и принципот на напредување според заслуги во процесот на проширување на Европската унија. Како конкретен доказ го посочуваат Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата на заедниците, кој е изработен на македонски и англиски јазик, со учество на домашни и странски експерти и во тесна соработка со Советот на Европа и Европската комисија.

Документот, според МНР, содржи прецизни мерки, јасни рокови и утврдени институционални надлежности и е целосно усогласен со највисоките европски и меѓународни стандарди. Процесот на негово креирање траел во повеќе фази од 2023 година, а финалната верзија интензивно се доработувала во втората половина од 2025 година.

Во текот на целиот процес, додаваат од Министерството, активно биле вклучени експерти од областа на меѓународното право, човековите и малцинските права, при што и Советот на Европа и Европската комисија оцениле дека планот ги опфаќа сите релевантни европски стандарди.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран