
Од неодамна, возачите кои патуваат кон Грција треба да се подготват за нови, повисоки цени на патарините. На автопатот „Егнација Одос“, просечното зголемување изнесува 20 проценти, што директно ќе го зголеми трошокот за македонските туристи на пат кон познатите летни дестинации.
Првата рампа по границата, на само половина километар од Евзони, сега чини 2,95 евра за автомобил, што е за 55 центи повеќе од досегашната цена. Но, тоа е само почеток. На обиколницата околу Солун, наплатата на Ореокастро достигнува 0,65 евра, а кај Аспровалта цената е зголемена од 1,10 на 1,40 евра.
За оние кои се упатуваат кон Атина, патувањето од Солун ќе бара поминување низ 11 наплатни рампи, што ќе чини вкупно 33,25 евра.
Халкидики, омилена дестинација на македонските туристи, сега ќе биде поскап за патувањето преку обиколницата на Солун – вкупно 3,60 евра (2,95 на Евзони и 0,65 на обиколницата). Ако се избере патот преку центарот на Солун, единствено се плаќа Евзони.
За Тасос, патувањето од Евзони минува низ пет наплатни рампи со вкупен трошок од 8,55 евра, додека патот преку Дојран ќе ве чини 5,90 евра.
Лефкада, пак, бара плаќање на осум наплатни станици со вкупна цена од 17,10 евра.
Туристите кои патуваат кон Крф, Парга и Врахос ќе мора да издвојат 13,25 евра за сите патарини на патот.



























