УТРО.мк

Семејство од Србија ограбено во популарно летувалиште во Грција: украдени 1.300 евра од апартман

Семејство од Србија ограбено во популарно летувалиште во Грција: украдени 1.300 евра од апартман
Vero

Семејство од Србија што летува во Грција пријави дека било ограбено во апартман во туристичкото место Олимпик Бич. Од нивната чанта исчезнале 1.300 евра, а преку објава на социјалните мрежи ги предупредија останатите туристи да внимаваат и да ги чуваат своите лични работи.

„Ги известуваме сите кои престојуваат во Олимпик Бич да ги чуваат своите работи. Денеска ни провалиле во студиото и ни украле 1.300 евра од чантата. Полицијата ни соопшти дека има многу пријави за кражби во овој дел“, стои во објавата во популарната група „Live from Greece“.

Според нивните информации, грчката полиција потврдила дека во ова туристичко место е забележан зголемен број на случаи на кражби.

На социјалните мрежи веднаш се појавија бројни реакции, а дел од корисниците укажаа и на одговорноста на сопствениците на апартманите.

„Неодамна бев во Грција и парите и документите ги носев со себе на плажа, но секогаш имаше некој што ги чуваше работите на лежалките“, напиша една корисничка.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран