УТРО.мк

Трагедија во Црна Гора: Војник и татко на четири деца загина во пожарот кај Куча

Трагедија во Црна Гора: Војник и татко на четири деца загина во пожарот кај Куча
Vero

Во гаснењето на пожарите во Црна Гора, животот го загуби помладиот водник Дејан Божовиќ, татко на четири деца и припадник на 1-виот пешадиски баталјон од 2006 година. Несреќата се случила кога цистерната со вода, со која се движеле кон селото Купушќи во Куча, се излизгала од патот и паднала по стрмна падина, пренесе „Телеграф“.

Според Министерството за одбрана на Црна Гора, во несреќата е повреден и водникот Марко Ивковиќ, кој има сериозни повреди, но е стабилен и свесен. Тој е на операција на карлицата и има контузија на белите дробови.

Министерот за одбрана Драган Краповиќ изјави дека несреќата била предизвикана од намалена видливост поради густиот чад од пожарот и дека министерството и војската претрпеле голема загуба. Тој изрази најдлабоко сочувство до семејството Божовиќ и поддршка за повредениот Ивковиќ и неговите колеги.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран